ПРОЕКТ ЗА СИТЕ од 3 - 25 год. возраст
здружение на граѓани за поттикнување, поддршка и афирмација на ликовната уметност
(детската креативност и уметност)
време за создавање



задачи
за денес
Креативност - СПОСОБНОСТ ЗА СОЗДАВАЊЕ
Таа е единствената "алатка" која ја имаме на располагање неограничено, во секое време, за решавање на секоја ситуација, проблем или задача и за создавање на сопствени дела (во приватниот и во професионалниот живот). Затоа го поттикнуваме секој поединец да вложи во развој и употреба на сопствената креативност во насока кон повисока лична и професионална продуктивност.

PDF докуметните следуваат наскоро!
Програма PDF
Формулар до 14год. возраст PDF
Формулар 14 - 25 год. возраст PDF
ПРЕЗЕМИ АКЦИЈА НАПРАВИ ПРОМЕНА
САМООРГАНИЗИРАЊЕ НА КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ДОМА
ИДЕЈА
Во насока на остварување на нашата главна мисија, мотивација, развој и афирмација на индивидуалната креативност и уметност, со овој проект овозможуваме достапност и отворена можност за учество за сите деца и млади во нашите проекти.
Да создаваме добри дела заедно.
#човекувамезаедно
ЦЕЛИ
Квалитетно и продуктивно исполнување на времето.
Самоорганизиреање, самодисциплинирање и себеизразување.
Учење, развивање на способности и вештини, создавање (креаирање) свои дела.
Ослободување на индивидуалната креативност, развој, употреба, вежби.
Збогатување на речникот и знаењата од областа на креативност и ликовна уметност.
Презентација на автентичните дела.
ЗАДАЧИ
Секој ден добивате по 3 задачи (теми за работа).
Тие се според програмата за организирање на редовните креативно-уметнички работилници.
Во домашни услови минимум што ви е потребно е површина за цртање и молив.
Сите учесници имаат целосна слобода во изборот на други материјали за работа.
- Преземајте ги материјалите што ги има на оваа веб страна.
- Следете не секојдневно за да сте во тек и да ги преземете дневните задачи.
- Задолжително секој учесник делото да го работи самостојно.
Најважно: создаденото дело (цртеж, слика. фотографија) да е лична креација на детето/младинецот.
- Фотографирајте ги делата, внесете потребни податоци и објавувајте ги под хаштаг #човекувамезаедноНЕОАРТ и #humanizetogetherNEOART
РЕАЛИЗАЦИЈА
- Преземете ги помошните материјали.
- Направете план и распоред.
- Преземајте ги задачите секој ден.
- Слбодно размислувајте, истражувајте, прашувајте.
- Секоја идеја е своја идеја и има своја вредност.
- Не се служете со туѓи идеи и примери.
- Не си дозволувајте друг да ви црта слика... тоа не е ваше индивидуално дело, нема ваша вредност.
- Вежбајте самоорганизација, одговорност,
самодисциплина (и кога наставникот не ве гледа).
- Следете не преземајте ги инструкциите.
- Доколку имате прашања, коментари, и нејасни работи пишете ни. Ние ќе ви одговориме во следните 24 часа.
За учество секој заинтересиран родител/старател треба да потпише изјава за согласност за деца под 14 год. возраст.
Другите возрасни категории самостојно преземаат самоиницијатива за учество, го пополнуваат формуларот, ги објавуваат своите дела и се консултираат.
Пополнетиот формулар испратете ни го на e-mail: neoart.org@gmail.com
ПРИДОБИВКИ
Активности за слободно време.
Доброволно зачленување.
Менторство од професионален уметник, наставник.
Консултации и поддршка во писмена форма.
Учење, развој, зголемување на креативноста.
Стекнување знаења, вештини и самодоверба.
Создавање свои дела на свој начин со свој потег.
Изложеност (презентација) на делата онлајн.
Учество на изложби организирани од НЕОАРТ.
Информации за тековни натпревари, изложби и настани во земјава и на меѓунродно ниво.
Сите учесници треба да го испечатат, пополнат и да ни го достават соодветниот формулар за членство со уплатница за уплатена соодветна членарина во НЕОАРТ.
Како членови ги добиваат сите бенефиции од членството.
(NEOART NGO) НЕОАРТ НВО Матичен број: 6918395 Даночен број: 4018013501956






